музика.албум

Tau Cross ‎- Tau Cross [Relapse, 2015]

Панкот и духовноста, по правило и дефиниција, не се компатабилни. Првиот, сè наоколу гледа низ објектив на нихилизмот. Втората, во сè над, под, лево и десно се обидува да пронајде инспирација. Едното е родено како реакција на лажното. Другото често ја открива вистината во конструкции базирани на измислици и на лага, а не на факти и на реалност. Експлозивноста и директноста најприродно се врзуваат за музичкиот жанр. Размислите и писанијата за спиритуалноста, пак, не се повеќе >>
Beach House – Depression Cherry [Sub Pop, 2015]

Трансот, изненадувачки, од нигде-никаде, се истопори како најсоодветна опција во долгата потрага по точка од која што ќе го почнам описот на Beach House и поконкретно, за тоа што го напишале и снимиле на Depression Cherry. Терминот тука не е употребен жанровски. Не се работи за психоделија, а уште помалку е во прашање гоа-натапкување дива планинска трева од самрак до зори. Состојба на умот, духот и телото е опфатено со наведениот збор. Којзнае дали до него и воопшто ќе стигнев ако повеќе >>

Фонија – …без име [2015]
Сакам експерименти, обожувам бучава од контролиран хаос, ама подеднакво силно ме исполнуваат и прости, соголени, приземни песни. Без дилема, претходно нечуен спој од жанрови ја влече музиката напред. За да се случи ваква уникатна фузија, потребни се талент, визија, вештина и масивна доза среќа. Во ниту еден миг, пак, ова не значи дека занаетот на осмислување, аранжирање и изведување композиции во стил што не е изменет има помала вредност. Напротив, мошне често, трака од две и пол повеќе >>

Deafheaven – New Bermuda [ANTI-, 2015]
Кога за извесна група градам став, додека задолжително и барем половично, ја преслушувам, си се забавувам поставувајќи си прашања. Меѓу тие што почесто ги повторувам е тоа дали артистот е повеќе – автентичен или уверлив. Бездруго, бендот што го жирирам може истовремено да отскокнува во обете категории. Тие ситуации, сепак, се природна реткост. Затоа, кога ненадејно ќе се појават, оваа нејаснотија сама се разрешува. Најчесто, интерната анкета резултира со спротивни повеќе >>

Culture Development – Еднаш свет изградив… [Дип - Кран, 2015]
Врските, човечките, не фејсбуковските, се особено замрсен факт во животот. Тие не се собираат, одземаат, делат или множат како бројките и буквите во алгоритамот на Марк Закерберг. Равенките и командите што се смислуваат под негов надзор веројатно ќе се усовршуваат до негдоглед за да предвидат што сакаме во „тајмлајнот“ уште пред сами да го посакаме, но ниту една „социјална мрежа“ никогаш нема да успее да ја долови повеќе >>

Нов сингл на „Пенелопе икс“
Деновиве музичката група „Пенелопе икс“ го објави својот нов сингл. Станува збор за композицијата „Leaving is Easy“, дело на авторите Џијан Емин, Гоце Стевковски, Гоце Јовановски и Бранислав Николов (последните двајца, членови на групата „Фолтин“). „Пенелопе икс“е независен, отворен проект на малку невообичаена група музичари, кој е произлезен како резултат од нивната заемна потреба да споделуваат креативни искуства. Формиран е во 2011година кога повеќе >>

Dibidus - нов спот на Hladno pivо
Ина дена после издавањето на албумот „Dani zatvorenih vrata“ и после 6 песни кои живееа на радијскиот и ТВ етер, како „Firme“ или „Vjeruj u mene“, дојде време за нов сингл на Hladno pivо. Се работи за песната Dibidus, која може да се протолкува и како химна за „мозок на пасење“ и која се чини веќе се доживува како фаворит на албумот. повеќе >>

Bernays Propaganda – Политика [Moonlee, 2016]
„Не ме интересира политика“ е изјава која често се слуша во Македонија без разлика што се кажува во земја каде што е исполитизирано речиси сѐ – од садење патлиџани до организирање панаѓури. Бездруго, не сме само ние такви. Колку за илустрација, и во осамената светска империја, САД, над 100 милиони луѓе периодов не се потресуваат да гласаат и покрај тоа што постои реална шанса непредвидлив лудак како повеќе >>

The Chemical Brothers – Born in the Echoes [Virgin EMI, 2015]
Маката која што изгледа најмногу ги мачеше Том Роуландс и Ед Симонс, штом од андерграунд бомбастично мигрираа во меинстрим, би можела да се срочи во дилемата: како следниот албум на The Chemical Brothers да биде помасивен од претходниот. Редејќи ги прачките динамит со „Даст брадерс“ тие дебитираа со ново име испорачувајќи го ТНТ-пакетот Exit Planet Dust. Наследникот, Dig Your Own Hole, веќе доби Ц4-димензии. Тоа, пак, што се повеќе >>

Jessie Ware – Tough Love [Island, 2014]
Не постојат завиден број ѕвезди или, ако ништо друго, музички изведувачи свесни оти некогаш ќе го достигнат овој статус, кои избираат да бидат прибрани, да ја одбиваат фамата како што се бега од лепра и да не џавкаат колку (слепо) ги следат трендовите. Ако се знае дека селебрити-позицијата е најмногу перцепција, а најмалку есенција, од претходното тврдење никој нема да се изненади. Особено денес, талентот е излишен. Желбата, повеќе >>