музика.албум

At the Gates – At War with Reality [Century Media, 2014]

 Ако сакам да бидам смрдлив, интернет-серко, најпрво ќе кажам оти албумов воопшто не требаше да постои. Разбирливо, така ќе беше доколку луѓето функционираа како Шварци во „Терминатор“, никогаш не нарушувајќи го строго напишаниот програмски протокол. При вакви параметри, еднаш искажан став нема да се менува и кога нуклеарки ќе врнат од небеса. Во овие услови нема трте-мрте, што излегло од инката не смее да се повеќе >>
White Lung – Deep Fantasy [Domino, 2014]

Панкот е толку прост – рудиментарен, не сељачки – поради што неговото создавање по правило е прилично замрсена задача. Звукот има распон колку што вселената е широка (добро де, таму буквално е мртва тишина), а темите за текстови се множат како што се зголемува човечката глупост (или брилијантност). Сложеноста на мисијата наречена „касапски остар панк-израз“ е како да се пронајде и избере вистинскиот риф – најчесто само еден – и вистинската строфа – од две, повеќе >>

Opeth – Pale Communion [Roadrunner, 2014]
Дозволено ли им е на музичарите да бидат искрени, отворени, страстни, фанови? Или можеби попрецизно, до кој степен смеат да ја искажуваат сопствената фасцинација на слушатели во моментите кога ја исполнуваат улогата на автори? Прашањата воопшто не се реторички. Ако сите го знаеме одговорот базиран на консензус – дека секогаш се претпочитаат тие што се издигнале, а не тие кои заглавиле во своите влијанија – каде е тогаш дилемата? Веројатно во моментите кога се повеќе >>

Old Man Gloom – The Ape of God [Profound Lore, 2014]
Катран сигурно сте виделе. Ако не, веројатно сте чуле за терминот. Истиот не се користи за именување на скопскиот воздух иако поради него често сме убедени оти устата ни е преполна со темна смола што никогаш не се доџвакува. Зифтот, како што Турците ни оставиле разговорно да го нарекуваме, е краен производ од сува дестилација на органски материјали. Порано, паметам, свежо бетонираните подлоги се премачкуваа со оваа течност за врз неа да се постави паркет. Сега со ова се повеќе >>

Wye Oak – Shriek [Merge, 2014]
Врескот, крик, писок или крескање и црекнување, сите овие зборови би можеле да се употребат за да се преведе насловот на новиот албум на американскиот бенд Wye Oak. Ниту еден од нив, пак, не се приближува до формата и духот, а уште помалку до тоналитетот со којшто Shriek им се обраќа на слушателите. Шеќерот, со помош од генијалните идеи на овдешните врховни локални сопственици, научивме дека воопшто не е здрав за организмот, а четвртата плоча на групата од Балтимор е баш таква – повеќе >>

Foo Fighters – Sonic Highways [RCA, 2014]
Минливоста на животот, која некогаш е проколнато неподнослива, се чини дека изминативе неколку години на Дејв Грол често му е на ум. Не сме другарчиња блиски уште од забавиште, додуша, ниту време сум нашол да се запознаеме (да де, бидејќи сè од мене зависи), ама по малку ми изгледа оти се опседнал со ова прашање. Настрана што студиското издание од 2011-та го крсти Wasting Light, тој истото го заврши од петни жили повеќе >>

The War on Drugs – Lost in a Dream [Secretly Canadian, 2014]
Електричната соло-гитара не е мудар избор доколку сакате да бидете во милост или да наидете на одобрување од модерната, критичарска, онлајн-елита. Ако, пак, изберете со неа да ги канализирате кантавторските идеи, застрашувачки се зголемува опасноста за игнорирање или за исмевање. Марк Нофлер, на пример, нема статус само на легенда на наведениот инструмент, туку општо, на глобалната музичка сцена, а и како потписник на песни (не зезајте, повеќе >>

Godflesh – A World Lit Only by Fire [Avalanche, 2014]
Имате ли некогаш чувство, онакво обземачко, што обично ненајавено прегрнува наутро, дека сè наоколу е студена машина, а вие не сте нејзин дел, туку, просто, ѝ припаѓате? Не како што се припаѓа на семејство, туку како сопственост, како да сте под нечија управа, како некој да има комплетна надлежност над вашата судбина. Пред сè, индивидуална, но и колективна. Или можеби поверодостојно е вака да се постави дилемата: колку често сте обвиени во маглата создадена од повеќе >>

Run the Jewels – Run the Jewels 2 [Mass Appeal, 2014]
Љубопитноста, ми се чини, ем е како измислена за актуелниов дигитален век, ем токму веб-семожноста изгледа како нејзина ахилова пета. Секој што сака да остане умствено свеж, нескротен истражувач, денес има прилика непрекинато да ја задоволува ваквата врховна потреба. Истовремено, баш јасноста со која знаеме оти само допир на екранот нè дели од пристап до сè и сешто, прави да прелетуваме, наместо да се кренеме и да си дадеме дозвола за препуштање и за лебдење. Пуст е повеќе >>

Real Estate – Atlas [Domino, 2014]
Изразот што го практикува бендот со потекло од американската сојузна држава Њу Џерси, а сега сместен во Бруклин, Real Estate, уште од основањето во 2009 година беше интелигентен и образован, ама и неверојатно воспитан. Под тоа се подразбира впечатокот дека триото што го создава нема намера да се откаже од добрите манири иако сигурно се свесни оти нивното постоење денес попрво ќе послужи за сеир отколку за почит. Таквиот повеќе >>