блог

8-ми ХЕРАКЛЕЈСКИ ПОЕТСКИ СВЕЧЕНОСТИ

РИСТО  Ѓ. ЈАЧЕВ  - POETA  LAUREATUS, НА ХПС   2013 На традиционалниот меѓународен поетски собор што од 2006 година се одржува под името ХЕРАКЛЕЈСКИ ПОЕТСКИ  СВЕЧЕНОСТИ, во Хераклеа, поточно во Римскиот театар, на годинешното негово 8-мо издание, признанието за „поет над поетите“   -POETA  LAUREATUS ,му припадна на големиот македонски поет РИСТО Ѓ. ЈАЧЕВ. повеќе >>
Што прави David Bellamy?

Сите оние кои имаат над 25 години и повеќе од една плочка РАМ, очекувам дека ќе се сетат на добриот забавен чичко кој толку страсно се впушташе во раскажувањето на неговата приказна за природата. Пандан на нашата и Биљарка,  неговата емисија се викаше Ботаничарот (Botanic Man), со една прекрасно носталгична шпица :) Аутфит како германска репрезентација од 1978, брадосан, без шминка, без смрзната насмевка, често си ги валкаше рацете со калишта, корења, животинки. повеќе >>

ENGAGE 2013 - втора конференција за друштвени медиуми и активизам, МКЦ
Денеска во Македонија и Скопје, една од најактивните и најкреативните заедници е интернет заедницата , која дејствува преку повеќето социјални мрежи  како што се Twitter иFacebook.  Тоа што е најважно е што таа заедница дејствуваше и како катализатор за некои од главните движења на општествен отпор и протест, кои покажаа дека сепак чувството за демократија сеуште е витално и покрај обидите да се замолчи и загуши во нашата држава. Релативната анонимност на интернетот овозможи повеќе >>

Знаењето е порно, порното е моќ - ТВ Пинк во училница
Кој да им објасни на наставничката по ликовна уметност Марта Макеска како и директорот Дејан Димоски, од СОУ Ѓорче Петров од Прилеп, дека според законот, образовните програми и цели и општите норми на праксата се платени не само да не го прават ова туку напротив, дека ваквата педагошка пракса не само што е спротивна од горенаведените норми, туку, во најмала рака бара сериозни санкции. Имено, станува збор за „генијална идеја“ на горенаведениот наставник кој повеќе >>

Книгата како Хартија од вредност
Во продолжение можете да скокнете до текстот на бугарскиот писател Георги Господинов, напишан и прочитан на книжевниот фестивал во Берлин - Европа сега:книжевен пакет за помош за Европа (Europe now: Ein literarischer Rettungsschirm für Europa).   Name of the photo © повеќе >>

Нема, нема време за нас....
Денот кога главна  вест е новиот iPhone (5) (читај-лажга за лумпенпролетери и остала јадна раја) и кога се очекува навалица на жртви на маркетингот кој е во најмала рака деградирачки, мене некако, неврзано со тоа ми дојде од мал мозок да се потсетам на бендот кој во времето на својот зенит, паралелно со мојот тинејџерски зенит ни служеше прво како репера а после малку и за потсмев. Како и да е, нивнатата свирка сега, кога рифовите омлитавеа, а бендовите главно се повеќе >>

Младен Стилинович - Пофалба на мрзливоста
Како уметник учев и од истокот (социјализмот) и од западот (капитализмот). Сега, кога  се сменија границите и политичките системи, таквото искуство нема да е возможно. Но тоа што го научив од тој дијалог ми останува. Гледањето и познавањето на уметноста на западот деновиве ме наведе на размислување дека на западот и не може да има уметност. Не тврдам дека ја нема. Зошто не може да има уметност на западот? Одговорот е многу едноставен. Уметниците на западот не се мрзливи. повеќе >>

Индустријата Angelina во Сарајево, низ текстот на Vedrana Rudan
Една од поинтересните фаци од регионов, која не се плаши да покаже поинакво, кхм, радикално поинакво мислење, Vedrana Rudan, убаво и прецизно се осврнува на промотивната посета на Angelina Jolie, на нејзинот филм со гнусно име со промашена етимологија: Крв и мед, демек од турски бал-мед и кан-крв,  како основен стереотип на „цивилизираниот“  запад за човекојадците што живеат тука, кој, да бидеме искрени и не дека се потрудувме да го смениме. Напротив.  повеќе >>

СРЕЌНА НОВА!
Накупувавме еден тон намирници ко за атомско склониште, „украсивме“ се што можеше да се украси со пластика и останати био-неразградливи смицалици. Плановите на градовите се повеќе личат на матични плочи, почитувајки го принципот како горе така долу, едновремено прогласувајќи се себеси на мала врата за големи богови. Ги осветливме улиците, фасадите, собите, кенефите и што ли уште не. Смислувајќи ја пластиката и светките го славиме арбитрарниот ден на глобалната Пасха. повеќе >>

Дојран в снег
Не знам што туку се палиме по разни документарци кога сето си го имаме и тука. Фали само гласот на David Attenborough за доживљајот да е комплетен.  А текстот би одел некако вака:   Дојран © Ranti   Кога повеќе >>