филм.визба

Длабинска анализа на карактерот на Дебарца

Патувачкото кино се приближува кон крајните станици од годинашното патешествие низ Дебарца (Дебрца). Откако поминавме низ Ботун (17 август), Злести (18 август) и Оровник (19 август) до крајот остануваат уште проекциите во Лешани и Велмеј.  Шљус е продавничката која е сместена во бившите простории на железничката станица во Ботун на вовчето Киро. Теснолинејка на линија Скопје-Охрид-Скопје. Сопственикот на продавницата, потполно несвојсвтено, ни повеќе >>
МакеДокс тргна од Волино, Белчишта и Издеглавје

Патувачкото кино на „МакеДокс“, годинава од 10 до 22 август се шета низ Дебарца. Ова е хроника од дружбите во првите три села Волино (10 август), Белчишта (11 август) и Издеглавје (12 август), славна Дебарца почна да ги разоткрива својата бујна природа и историја. Извори повеќе >>

Куросава за Тарковски
Акира Куросава, за проекцијата на Соларис со Андреј Тарковски   Тарковски седеше во  аголот на салата, гледајќи го фимот со мене, но веднаш стана штом заврши филмот. Ме гледаше со срамежлива насмевка. Му реков „ Многу е добар. Тоа е застрашувачки филм“. Изгледаше засрамен, но се насмеа задоволно.    повеќе >>

Хичкок, 113ка
Да беше жив ќе имаше 113 години, на денешен ден. Во негова чест уживајте во куси „дижестиви“ пробрани, пастеризирани и хомогенизирани за вас.   За среќата:   Трејлерот за Вертиго, онака:   Крајно ефикасен лек за несоница: повеќе >>

Cinedays 2011: Caterina va in città [Paolo Virzi, 2003]
Овој филм се вбројува меѓу комедиите на фестивалот, а можеби некој хејтер ќе каже дека тоа е филм за деца, но реално, овој филм е драма од едно секојдневие, во една учебна година, во кое сѐ Ви е толку познато, a кое чувствувате дека одново го реоткривате. Дали постои „нормално“ детство? Што тоа воопшто значи? Какво е Вашето? Барањето на своето место низ општествените кругови, како за возрасните, така и за децата е борба во која поголемата риба ја јаде помалата. повеќе >>

Louise-Michel [Gustave de Kervern & Benoît Delépine, 2008]
Овој филм е посветен на Louise Michel (1830–1905), француската анархистка, учителка и болничарка, позната уште како црвената девица на Монмартр. Таа одбила да го признае кралувањето на Наполеон III и била учесничка во Париската Комуна за што заработила седум години прогонство во Нова Каледонија, а поради своите дејствувања добар дел од животот како возрасна го поминала по затвори.   повеќе >>

The Imaginarium of Doctor Parnassus [Terry Gilliam, 2009]
Се сеќавам дека едвај чекав да го видам филмот. Во голем дел заради фактот дека е последен (и недовршен) филм на „темниот витез“ - Хит Леџер (Heath Ledger 1979-2008) нормално, a помалку и заради Johnny Depp, Jude Law и Colin Farrell. (Well I’m a girl. So sue me!). Голицка и самата идеја на приказната чиј лајтмотив е човечката имагинација. Ама факт е дека како и секој сеирџија со тапија и мене многу ме интересираше начинот на кој Тери Гилиам/Terry Giliam (меѓу другото го има режирано и 12 Monkeys) се справил со повеќе >>

Enter the Void [Gaspar Noé, 2009]
Поминаа околу осум години откако Гаспар Ное го издаде својот последен "озлогласен" филм полн со одмаздничко насилство - "Irreversible". Филм кој буквално ја шокираше целата своја публика со своите ултра насилни сцени. Пред него, "I Stand Alone" и "Carne" како своевиден пролог и епилог пак, жестоко се спротивставуваа со својот мачо-центрицизам. Еnter the Void продолжува по истата траекторија на насилство, брутална провокација и безобѕирно искушение. Станува збор за лудо, повеќе >>

Искушението [Calvaire, 2004]
Љубителите на хорор жанрот можам да речам дека со голема пасија го следат овој филмски правец. Секако дека имаат изгледано безброј хорор филмови и многу од нив ќе паднат во заборав - што заради недоволно издржаната приказна, што заради смешните визуелни ефекти, што заради други "икс" причини. „Искушението“ е филм кој "на прва" нема да отскокне од многуте филмови кои досега сте ги гледале: расипан автомобил, скриен осамен мотел во пуст дел на крајот од еден повеќе >>