интервју

Сали Ертунч - за политичката коректност

Во пресрет на изложбата со наслов кој прецизно брцка во една болна точка на современото живеење, (една од улогите на уметниците беше тоа-нели?). Со радост и мерак го направивме ова интервју. Сали беше исклучително љубезен, отворен и, ретко прониклив, топол собеседник. Сето тоа го обои процесот со една доза на пријатно уживање во хаосот на секојдневната рутина. повеќе >>
Блашка Миева - Играта на водата

Блашка Миева е сликарка од Скопје, од поновата генерација. Дипломирала на ФЛУ – Скопје, на отсек сликарство, под менторство на професорот Вело Ташовски. Нејзините дела се доживуваат некако интимно, прецизно а ненаметливо, скромно, чисто или прочистено, а длабоко. Како најава за нејзината следна изложба, инспирирана од водата, го направивме ова кратко интервју. (од каталогот за изложбата)... Движењето на водата, флуидноста и судирот кои повеќе >>

Мединa Гициќ - Bulberry
    Секогаш сме на страната на млади, свежи, креативни и луѓе на кои им се познава дека посветено, поштено  си одработуват она каде што им е страста. Мисс Bulberry делува како таква. И приде! Не дека е бескраен анонимус, ама секако, сакаме да и дадеме дел од нашиот скромен простор. Изработува разноразни тракатанци со раце, со страст и мерак. Да чуеме : повеќе >>

Контракадар
Ова итервју е направено некаде во јуни 2016, во моментот кога беше готово, почна летната пауза за проекции, па еве, сега се навраќаме на приказната. Во дворчето на АКСЦ разговаравме со контракадраш(к)ите: Ирина Максимовска, Иво Бару и Стефан Петровски.  Чувари на племенскиот дух. Чувари на митскиот оган, кој во ладните вечери го бодри и заживува духот на човекот и ја поттикнува креацијата. И ре-креацијата. Колектив за кој многумина би рекле дека е крајно повеќе >>

Ерина Богоева
Неодамна ви најавивме за изложбата на Ерина Богоева. Повеќе информации за Ерина и за изложбата можете да видите во ВЕСТИ. Бидејќи нејзиниот креативен потенцијал е толку очигледен а она што го работи едноставно инспиративно, ова интервју го направивме со повеќе >>

Станка Храстељ
Станка Храстељ ја запознавме на саемот на книга на штандот на Готен. Ведра, расположена и малку замислена. Во Скопје е на едномесечен творечки престој, како прва гостинка за 2016та година на резиденцијалната програма за книжевници, која оваа година се одвива под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на мрежата Традуки и градот Скопје. Формално за неа можеме да кажеме дека е добитничка на неколку значајни повеќе >>

Иза Рутковска @ Скопје Креатива
Иза ја запознавме на Скопје Креатива. Фестивал кој мрзливите скопјани и покрај одличните предавачи, голем број занимливи предавања и презентации, но пред се ретко квалитетни гости, сепак не успеа да ги донесе надвор од редовната маршрута во број кој би се очекувал. Иза се претстави со своите проекти или акции или како сакате наречете ги, и го испровоцира вниманието на сите присутни. Зборуваше за своите инсталации и интервенции во простор. На пример за повеќе >>

Утрински разговор со Ветон Нурколари
Интервју со Ветон Нурколари, уметнички директор на филмскиот фестивал Докуфест од Призрен. Настан што не треба да го пропуштат скопските филмофили. Тој ни дава идеја за душата на фестивалот. Утринава Ветон избра две седишта надвор од отвореното кино.   ЛП: Го покривам фестивалот веќе 6 години, се знаеме подолго време, иако ретко налетуваме еден на друг и кога ќе го сториме тоа, кулминираме со 30 секундни разговори. повеќе >>

Frank Bretschneider: Враќање кон аналогното
Се сретнавме со Френк во театарот HAU, за време на концертите на Transmediale фестивалот. Го договоривме интервјуто за наредните денови, да разговараме настрана од бучавата на инсталациите и перформансите на фестивалот. Поводот е повеќекратен. Неговиот настап на самиот фестивал, новиот албум Sinn + Form кој се појави за Raster-Noton само неколку денови пред настапот, новиот аналоген пристап на работа со легендарните Buchla и Serge модуларни сајзери, повеќе >>

The Government - Она што ние претставуваме е спој на нашата слободоумна мисла искажана преку ноти и стихови
Историјата многу добро покажува како секоја општествена промена најчесто ја следи промена во доменот на уметноста. Горан Јаневски, Златко Никодиновски, Александар Тунев и Томе Спасовски се The Government, бенд од Битола кој дразбите од општествените промени одлучува да ги искаже преку јазикот на музиката. повеќе >>