изложба.портрет

За луѓе со алчни очи и оние што зборуваат со срце

Понекогаш, кога ќе помислам дека интернетот е дувло во голема мера наменето за складирање невкус, ќе се појави некој прекрасен лик и ќе ми ја затвори устата намрчена. И тогаш сум благодарна што постои овој виртуелен прозорец кон светот што на дофат на рака ги носи делата на некои вонредни креативци од секое ќоше на светот. Денес сакам да ве запознаам со една девојка од Франција, која се води под името Dorоthy-Shoes. повеќе >>
Eден, два, три, фаворит избери ти!

Ѕе! Народе спремни ли сте за троа убавини? Еве, сама ќе си одговорам, секако дека сте. Значи, вака, убавините доаѓаат директно од темните комори на Ал Магнус, Миша Гордин и Родни Смит. Од шпилот фотографи распространети низ светот го извлеков овој трилинг од следниве причини. Овие луѓе не се плашат да мечтаат и истите мечти да ги претворат во уметност. Беспоштедно ги рушат границите на реалноста и со сета повеќе >>