изложба.рецензија

За изложбата Поезијата на секојдневието на Дејан Колевски

На 01.11.2013 година во националната галерија Мала Станица, ненаметливо се отвори изложбата на Дејан Колевски, самостоен автор член на ФСМ. На изложбата се поставени 5о црно бели фотографии.  Уште на прв поглед, изложбата делува како компактна, доследна, конзистентна и добро осмислена целина. Дел од фотографиите се познати на упатената публика, во најголем дел затоа што биле дел од националните колекции на ДМФ и други домашни изложби. повеќе >>
Илија Струмениковски - Акрилна искреност

Битолчанец по род, но преспанско потекло, еминентниот театарски актер - припадник на сега веќе најстарата генерација на македонската театарска уметност, не е непознато дека од поодамна, или поточно веќе педесттина години е во потрага по својот уметнички исказ и во еден друг медиум - во сликарството. Таа долгогодишна љубов на актерот и дружење со палетата и четката, по неговото неодамнешно заминување од театарската сцена, резултираше со повеќе креативен влог на повеќе >>

40 години од фотографијата „НАПАЛМ ДЕВОЈКА“
Пред  десетина дена, поточно на 8ми јуни се навршија 40 години од снимањето на фотографијата на која главен субјект е Phan ThịKim Phúc, попозната како „напалм девојка“. Фотографија која му донесе пулицерова награда на фотографот Nick Uт и која, според многумина помогнала да запре војната во Виетнам. Барем од американска страна. Фотографија – икона  и тоа една од најпрепознатлите икони на ХХ повеќе >>

Resonate - Фестивал на нови медиуми, (дневна програма) Белград, 16-17 март, 2012
Непобитен факт е дека новата технологија и медиумите кои произлегуваат од неа се имаат се поголемо влијание врз нашиот секојдневен живот и начинот на кој комуницираме. Тоа носи нови предизвици во нашата перцепција на светот и организацијата на нашиот живот, а еден од начините на кои во светот се обидуваат да се справат и подобро да ги разберат е организирањето на конференции каде што се среќаваат, презентираат и дебатираат експерти и практичари од областа на повеќе >>

Engage конференција - настан кој дава надеж дека Скопје има што да каже, МКЦ, 25.02.2012
Вториот настан кој ми даде надеж дека Скопје се придружува кон светските текови беше конференцијата Engage која ја организираше Радио МОФ во киното Фросина во МКЦ. Оваа конференција беше замислена да биде трагите на веќе етаблираните конференции како TED или Shareво регионот, т.е. на едно место да собере повеќе стручњаци, теориетичари и практичари кои ќе говорат на актуелни теми. Темата на Engage беа новите социјални медиуми и социјалниот активизам, при што програмата беше повеќе >>

Skopje Design Week 2011
Skopje Design Week се одржа за прв пат, годинава, во траење од 28 септември до 2 октомври.  Целиот настан, презентациите, работилниците, изложените дизајни, вечерната програма со свирките, дружењето,забавата се одвиваше во Куршумли ан. Еден куп народ (домашни и странци), еден куп случувања, стог позитивна енергија, супер спој на историјата и современиот дизајн допринесоа Куршимли Ан да блесне со сиот сјај. Ја имав можноста да проследам поголем дел од случувањата и можам само да повеќе >>


FOTOGRAFIKA SQUARE 2009ка
Да почнеме со сетинзите. 13/14 Јуни, 2009. Плоштад Македонија. Скопје. Оптегнати жици за сушење алишта. Штипки. И со штипките закачени фотки. Околу 600+ на број. Отворена изложба на еден од по-тазе фото клубовите од Скопје, втора по ред од таков тип. Фотографии од многу автори енд авторки, најмногу од Македонија, понајвише од ФК Фотографика. Има и од блиските ни соседи, но и од ако добро се сеќавам-Британија, повеќе >>