меана

Од Thumper до Pumba...

Лани, некаде при крајот на летото, се пентаревме по падините на Бистра и како и секои прави спортисти завршивме во единственото отворено место во Галичник. Не велам кафана, бидејќи од основните кафански моменти кои треба да ги поседува еден објект за така да се нарече, овдека имаше само: ракија, галичко сиренце и турско кафе. Прегладнети ко што бевме, а и сиренцето под дифолт добро, сепак седнавме. Главата на повеќе >>
Последниот воз за Велешка пита

Со случајно залутаниот снег од пред некоја недела, намерно бевме кинисале кон Велес. Идејата на патот беше самиот воз, но, да не се лажеме, постојано потсвесно се провлекуваше помислата на Велешка пита, ака пастрмајлија, која не е купена од она до Љуц, кое е исто со она до Retox, и на кое никогаш не сум му го знаела името. Исцрпните урбанистички и гастрономски испитувања извршени помеѓу Скопските жители со повеќе >>

На Кумановски Мезалaк
Паролата 'запознај ја татковината за повеќе да ја сакаш' на вакво незнаеш-што-ќе-те-задеси време решивме да ја преиначиме во 'запознај ја македонската кујна за повеќе да ја сакаш' и да го пробаме мистериозниот Кумановски мез'л'к. Преку сонце во Пелинце, снег во Нагоричани, стигнавме во утопосаното од дожд Куманово. Меаната се вика Баба Цана, се наоѓа во едно споредно уличе од кај банката лево и ако повеќе >>

Дали некогаш сте јаделе во Ривиера?
Да, да, Ривиера, Охрид. Оној хотел покрај езеро, покрај кој секогаш кога поминувате се прашувате - Кој ли побогу изнајмува тука соба со опоен мирис на плескавици под пенџере?! Зошто седнавме баш таму? Па немаше никаде, ама баш НИКАДЕ на друго место слободна маса, а ние толку многу бевме гладни... Ќе се обидам немилиот настан да го претставам преку мала едночинка. Лица: повеќе >>

На чорба во Далга
Јадењето рибја чорба ми е MUST DO на секое одење во Охрид. Неможам да се пофалам со посета на сите Охридски кафани кои служат чорба, но од тие каде сум пробала најубава ми е во Далга. Листата вика вака: Момир. Фенси кафана, не ги сакам такви. Служат и паста од лук да си мачкаш на лепчето со чорбата (после што ти смрди душата бар 2 дена и сам себеси се мрзиш, ама е вкусно до повеќе >>


Фешта на Кавадаречки начин
Постојат 5 - 6 сетила познати кај човекот. Уметноста е поврзана со 2 од нив и понекогаш и со она седмото. Фестивалот на виното во Кавадарци - „Гроздобер“ ја има таа чест да на посетителите да им го даде тоа задоволство да ги возбуди сите сетила. Фестивалот оваа година понуди програма со траење од 10 дена, од 1 септември до 10 септември, вклучувајќи музички настани, гозби, повеќе >>

Ресторан БОЕМИ
Некогаш кога пијанството беше целовечерна преокупација, утрата започнуваа веќе во 5ч. со една ч’кембе чорба во Гратската меана во Прилеп. Денес тоа не важи, на мојата иницијатива да се оди на чорба во Гратската меана, бев изненаден да научам дека повеќе таа не е таа Гратска меана и дека сега главното место за чорба и скара во Прилеп е меаната Боеми или уште попозната како Крумче и повеќе >>

plagij.at @ Фиса
И уште една прослава на plagij.at се заврши без загинати и ниту еден повреден. Полни 3 (три) месеци постоење, околу 200 редовни, секојдневни посетители и своја химна!! Фантастично! Меаната Фиса не облагороди со одлична услуга и уште по добрите пилешки крилца со премногу сол, па моравме сето тоа добро, ама дообро да го натопиме. Свртевме не знам колку тури од се што имаше на повеќе >>

plagij.at @ Фиса
Триесеттиот ден од месецот ноември се ближи и тоа брзо. А за таа работа ние се грижиме да биде добро прославена или во случајот добро залиена. Откако установивме дека и меаните се дел од културата на човештвото, со цел да станеме покултурни, решивме овој 30ти да го прославиме со една меана која е добро препорачана и проверена во еден текст: Jebem Ti Zivot Bez Rakije. Местото е одлично, можам повеќе >>