музика

Beach House – Depression Cherry [Sub Pop, 2015]

Трансот, изненадувачки, од нигде-никаде, се истопори како најсоодветна опција во долгата потрага по точка од која што ќе го почнам описот на Beach House и поконкретно, за тоа што го напишале и снимиле на Depression Cherry. Терминот тука не е употребен жанровски. Не се работи за психоделија, а уште помалку е во прашање гоа-натапкување дива планинска трева од самрак до зори. Состојба на умот, духот и телото е опфатено со наведениот збор. Којзнае дали до него и воопшто ќе стигнев ако повеќе >>
Фонија – …без име [2015]

Сакам експерименти, обожувам бучава од контролиран хаос, ама подеднакво силно ме исполнуваат и прости, соголени, приземни песни. Без дилема, претходно нечуен спој од жанрови ја влече музиката напред. За да се случи ваква уникатна фузија, потребни се талент, визија, вештина и масивна доза среќа. Во ниту еден миг, пак, ова не значи дека занаетот на осмислување, аранжирање и изведување композиции во стил што не е изменет има помала вредност. Напротив, мошне често, трака од две и пол повеќе >>

Леб и Сол simphony, MOБ
Леб и Сол какви што не сме ги виделе до сега, за крај, како што најавија, имено, ова е нивниот проштален концерт. На концертот - Леб и Сол simphony, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Димитар Божинов и Михаил Парушев, со дебела логистика од оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на маестро Саша Николовски - Ѓумар, на публиката и приредија 90 минутно уживање. Беа изведени песни од целиот опус на бендот кој за многумина е синоним за повеќе >>

Електрични Оргазам, 30 години Дисторзија, МКЦ, поштено. Здраво.
Влетувам во МКЦ од друг настан од кој киднав и глеам, што вика Науме велики: Јеремија ли је, Гиле ли је. Јбг. Гиле је Јеремија. Ама нема везе. Отпраштија како ретко кога поштено. Таман дојдов на паузата, после која почнаа да свират материјал од Дисторзија албумот кој слави 30 години и кој, веројатно е нивниот најкомплетен албум и материјал по кој се најпрепознатливи, дефинитивно е еден од највлијателните албуми на сите времиња на југословенската рок сцена, без разлика што е повеќе >>

Deafheaven – New Bermuda [ANTI-, 2015]
Кога за извесна група градам став, додека задолжително и барем половично, ја преслушувам, си се забавувам поставувајќи си прашања. Меѓу тие што почесто ги повторувам е тоа дали артистот е повеќе – автентичен или уверлив. Бездруго, бендот што го жирирам може истовремено да отскокнува во обете категории. Тие ситуации, сепак, се природна реткост. Затоа, кога ненадејно ќе се појават, оваа нејаснотија сама се разрешува. Најчесто, интерната анкета резултира со спротивни повеќе >>

Culture Development – Еднаш свет изградив… [Дип - Кран, 2015]
Врските, човечките, не фејсбуковските, се особено замрсен факт во животот. Тие не се собираат, одземаат, делат или множат како бројките и буквите во алгоритамот на Марк Закерберг. Равенките и командите што се смислуваат под негов надзор веројатно ќе се усовршуваат до негдоглед за да предвидат што сакаме во „тајмлајнот“ уште пред сами да го посакаме, но ниту една „социјална мрежа“ никогаш нема да успее да ја долови повеќе >>

Нов сингл на „Пенелопе икс“
Деновиве музичката група „Пенелопе икс“ го објави својот нов сингл. Станува збор за композицијата „Leaving is Easy“, дело на авторите Џијан Емин, Гоце Стевковски, Гоце Јовановски и Бранислав Николов (последните двајца, членови на групата „Фолтин“). „Пенелопе икс“е независен, отворен проект на малку невообичаена група музичари, кој е произлезен како резултат од нивната заемна потреба да споделуваат креативни искуства. Формиран е во 2011година кога повеќе >>

Dibidus - нов спот на Hladno pivо
Ина дена после издавањето на албумот „Dani zatvorenih vrata“ и после 6 песни кои живееа на радијскиот и ТВ етер, како „Firme“ или „Vjeruj u mene“, дојде време за нов сингл на Hladno pivо. Се работи за песната Dibidus, која може да се протолкува и како химна за „мозок на пасење“ и која се чини веќе се доживува како фаворит на албумот. повеќе >>

Визба : Charmed by Koop
  Ранти   Ранти     повеќе >>