музика

Оффест 2016, отворање

Ива Битова го отвори петнаесетото издание на ОФФест, 2016.   Замисли дека се будиш еден ден, нешто ти е чудно ама не си свесен/свесна што. Сфаќаш дека косата ти е поинаква од што си навикната/навикнат и дека некако телото поинаку ти реагира. Да ја скратам приказната, сфаќаш дека по некое чудо се викаш Ива Битова и вечер треба да го имаш својот концерт на отворањето на ОФФест 2016. Што прво ти паѓа на памет? Дали сеуште сонуваш? повеќе >>

Bernays Propaganda – Политика [Moonlee, 2016]
„Не ме интересира политика“ е изјава која често се слуша во Македонија без разлика што се кажува во земја каде што е исполитизирано речиси сѐ – од садење патлиџани до организирање панаѓури. Бездруго, не сме само ние такви. Колку за илустрација, и во осамената светска империја, САД, над 100 милиони луѓе периодов не се потресуваат да гласаат и покрај тоа што постои реална шанса непредвидлив лудак како повеќе >>

The Chemical Brothers – Born in the Echoes [Virgin EMI, 2015]
Маката која што изгледа најмногу ги мачеше Том Роуландс и Ед Симонс, штом од андерграунд бомбастично мигрираа во меинстрим, би можела да се срочи во дилемата: како следниот албум на The Chemical Brothers да биде помасивен од претходниот. Редејќи ги прачките динамит со „Даст брадерс“ тие дебитираа со ново име испорачувајќи го ТНТ-пакетот Exit Planet Dust. Наследникот, Dig Your Own Hole, веќе доби Ц4-димензии. Тоа, пак, што се повеќе >>

Дуке и пријателите, масовно...
Два концерти на Дуке Бојаџиев и пријателите викендов во Метрополис арената. Покрај камерниот оркестар на сцената се појавија Тања Царовска, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски, Костас Анастасијадис и Матијас Кунзли. На првиот концерт го имало и Никола Ристановски со рецитал, на вториот тој дел изостана. Два концерти. Првиот распродаден. Аферим. Да не мислиме дека само Цеците можат да ја наполнат салата. Тоа е охрабрувачки на секој план.  повеќе >>

Судар со Дакрвуд Даб!
МКЦ, 13ти Февруари, предсветитруфунско валентиново. На сцената гости кои доаѓаат од некое место кое е некаде измеѓу шумата на Загор и Загорје зелене.  Одличен концерт на Дарквуд Даб. Втор нивен концерт во Скопје, и тоа после доолго време. Преполна сала, концертот распродаден однапред. Одлично преселектирана публика, генерациски прикладна, стокмена, политички коректно балансирана, да се не осећаш ко Усамљени Хашишар меѓу тинејџери. Како и што се очекуваше повеќе >>

Таксират, Рундек и Карго, МКЦ
Иако концертите на Рундек секогаш се полни со енергија, динамика, емоции, овој последниот, на Таксират 2015, слободно можам да кажам, беше еден од ретките со таков силен интензитет и толку моќна добра вибра. Покрај омладинци кои ги слушавме дека бараат карти за Зденко (Рундек!) повеќето од луѓето кои беа на концертот беа барем седамдесет и неке и беше напорно и шармантно да се движиш во просторот. Ми се чини дека само на годишница на матура имало повеќе раја за повеќе >>

Jessie Ware – Tough Love [Island, 2014]
Не постојат завиден број ѕвезди или, ако ништо друго, музички изведувачи свесни оти некогаш ќе го достигнат овој статус, кои избираат да бидат прибрани, да ја одбиваат фамата како што се бега од лепра и да не џавкаат колку (слепо) ги следат трендовите. Ако се знае дека селебрити-позицијата е најмногу перцепција, а најмалку есенција, од претходното тврдење никој нема да се изненади. Особено денес, талентот е излишен. Желбата, повеќе >>

At the Gates – At War with Reality [Century Media, 2014]
 Ако сакам да бидам смрдлив, интернет-серко, најпрво ќе кажам оти албумов воопшто не требаше да постои. Разбирливо, така ќе беше доколку луѓето функционираа како Шварци во „Терминатор“, никогаш не нарушувајќи го строго напишаниот програмски протокол. При вакви параметри, еднаш искажан став нема да се менува и кога нуклеарки ќе врнат од небеса. Во овие услови нема трте-мрте, што излегло од инката не смее да се повеќе >>

ДримING ON.
Еден бенд, 23 години подоцна, ист град и енергија. Тело-Наука Совршена повторно на сцена. На 25 јули, во склоп на третото издание на фестивалот ДримON во Струга, во делумно изменет состав, а на наше огормно задоволство- на музичката сцена се вратија култните Тело-Наука Совршена. повеќе >>