вести

Социјалниот архетип во документарниот филм

Во недела (20 август, 2017 година), со почеток од 20.00 часот во Куршумли Ан, во рамките на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, ќе се одржи промоција на книгата „Социјалниот архетип во документарниот филм“ од Маријана Котевска-Георгиева, а во издание на Арс Ламина публикации. Во книгата „Социјалниот архетип во документарниот филм“ се обработени девет документарни филмови, при што се согледани сферите во кои се поврзуваат социјалниот повеќе >>
Кој е Filch?

‘Filch’ се појави за првпат неодамна. Никој не знае од кај дојде, кој е и кај оди. Само месечината го посведочи неговото појавување. Се појави јавајќи на ветрот на колективната воздишка на една сонлива генерација, настојувајќи да ја пополни празнината во срцето на тмурниот град. Обидувајќи се барем делумно да проникнеме во неговиот карактер, откривме дека тој не сака да зборува, до таа мера што нема ни уста повеќе. Но сака да слуша музика,  без музика се повеќе >>

Прилепски џез викенд
Се ближи датумот на шестиот по ред Прилепски џез викенд...оваа година ќе започнеме во прилепските џез клубови Сидро и Тејк фајв со оф програма на 22 и 23 Август и ќе продолжиме традиционално на летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на 24,25 и 26 Август повеќе >>

Трпеза Филм Фестивал 2017 во Артикултура
Сабота 19.08 2017 година 16.00 часот Фестивалскo кафуле 17.00 часот Проекција: Пред поплавата (документарен филм) 18.00 часот Театар на вкусови: „Ќофтиња и грмотевици“ (готвење во живо) 18.30 часот Проекција: Пивска култура (документарен филм) 19.30 часот Дегустација: Вкусовите на првите македонски занаетчиски пива според Slow beer концептот 21.00 часот Проекција: Mортон и Миа (краток повеќе >>

Шарла вечер во Артикултура
ШАРЛА ВЕЧЕР @ АРТИКУЛТУРА  Концерт на Sweet Rapscallions, настап во живо на Mammoth & Yashem и Niskogradba и промоција на компилацијата Шарлагедон.   Шарла рекордс е независен музички лејбл од Скопје кој е во четвртата година од својата издавачка дејност, а зад себе веќе има солиден и добро селектиран каталог. Ова лето решија да направат мал издавачки пресек со објавувањето на компилацијата на разни изведувачи Шарлагедон/SharlaGetOn со која го свртија вниманието повеќе >>

Јавна соба неделава
CONTINUUM TRIO 17.август / 10:00 Четврток. Џез. Лето. Тераса. Оваа вечер настапуваат CONTINUUM во состав Филип Димишковски- клавијатури, Дионис Стратов- бас, Александар Ванчовски- тапани. повеќе >>

Жената во кафезот - Антолог
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со огромно задоволство го најавува објавувањето на романот „Жената во кафезот“ од еден од најценетите скандинавски автори на трилер-романи, данскиот писателЈуси Адлер-Олсен.Романот се искачил на првото место на сите топ-листи уште веднаш по објавувањето и се задржал на врвот на бестселери цела година, а според него е снимен и филм.Преводот на македонски е на Лара повеќе >>

Артикултурен Фестивал
Чаршијата се враќа, и се враќа гласно! Многу ни е ќеф ко ќе организираме настани со наши луѓе од домашната сцена, посебно журкање на отворено, за да се излуфтираме малце. :) Ви го најавуваме конечниот Line up. Ве очекуваме во шо поголем број и да ја живниме чаршијата. повеќе >>

MakeDox 2017
На 19ти август 1839та година, француската влада го прогласува фотографскиот процес на Луј Дагер како подарок за светот. Неговиот пронајдок, на човештвото му отвори цел нов универзум на забележување, интерпретирање, раскажување и манипулирање на светот и векот. МакеДокс е логичен одблесок на една од тие дагеротипии, во бескрајното време и простор.   На 19ти август 1960та година, Советскиот Сојуз го лансира сателитот Спутник со кучињата Белка и Стрелка, 40 повеќе >>

ИлиИли промоции
Кон крајот на август две промоции со гостувања на двајца фантастични автори! корица   22.08. Ла Кања 21:00 РОД, Миљенко Јерговиќ промотори: Оливера Ќорвезироска Ќорвезироска и Владимир повеќе >>