Штипски театарски времиња ( 9 слики) - дел втор
Слика Петта (Без наслов и со повторување)
Се повторуваше често. Затоа што се случуваше често.. .А виновник за тоа , повторно Васил Шумански – кој и пред Академијата, веќе беше член на Ансамблот на Театарот, а моето другарување со него ме донесе до: Шенка (подоцна Колозова), до Мето Јовановски, Ѓорѓи Колозов исто така членови на штипската театарска екипа, а тука беа и Лазо Атанасов (Тони?!), Стојан Арев... Вечерни дружења.
Потоа: Мето на Академија
повеќе >>
Штипски театарски времиња ( 9 слики) - дел први
Предвовед.
Пред неколку деноноќија – последниве од Марта, во утринскиот дел од денот, со една забележителна (и тешка) печатена пратка/книга – преку рацете на секогаш насмејаниот поштонец ,на куќниот ми праг – од Штип пристигна книга – вест, а со неа и покана, со голем број глаголи – дел во кондисионал, но повеќето во- императив (?!). И ај после – одби!
Вовед.
повеќе >>
Визба: Хенри VI на НТБ - ШЕКСПИР ИЛИ ЧЕЛЗИ?
Глобалното влијание на Англија врз светот се оцртува пред две, навидум споредни нешта - фудбалот и Шекспир! И токму тие два феномени - Лигата на шампиони и Хенри VI на НТБ се случија минатата сабота, едновремено. Фудбал или театар? Челзи или Шекспир? Дилемата беше тешка, иако во суштина приказната во обата случаи е иста - слава, моќ и власт.
Е сеа, во времето кога Шекспир ја пишувал досадната и безмалку недоделкана историска драма Хенри VI, Англичаните се уште не го имаа
повеќе >>
47 МТФ Војдан Чернодрински : Уметноста на maкедонското актерство, 04
„Приказна за Шехерезада и Шахријар“ во режија на Деан Дамјановски
Tурскиот театар од Скопје пред фестивалската публика, јавност и критика познатата тема - „1001 ноќ“ која во голема мерка е фолклорна традиција во исламската култура, како своја репертоарска понуда ја претстави под наслов „Приказна за Шехерезада и Шахријар“. Па така и овој пат како повеќе години наназад, оваа театарска куќа, без многу репертоарски
повеќе >>
47 МТФ Војдан Чернодрински : Уметноста на maкедонското актерство, 03
„Околиска болница“ на Христо Бојчев
Секако дека еден од најактуелните и најиграни драмски автори во Европа денес, бугарскиот писател Христо Бојчев не е случајна литературна и специјално балканска, појава – па така ни неговото се почесто присуство на македонските сцени – не е случајност.
Авторот Х.Бојчев со чијшто познат текст „Околиска болница“ , кумановскиот театар на 47 МТФ – се претстави во извонредно издание
повеќе >>
47 МТФ Војдан Чернодрински : Уметноста на maкедонското актерство, 02
Во смисла на искажаното, неподелен останува впечатокот дека од годинешнава понуда како проекти кои се наметнаја во разните креативни сегменти и како комплетни резултати ги освоија неодгатливите уметнички простори, меѓу останатите се издвоија:
...Пред се „Животот на Молиер“ на Булгаков, во режија на Александар Поповски и „Генетика на кучињата“ најновиот текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, па понатаму „Околиска болница“
повеќе >>
47 МТФ Војдан Чернодрински : Уметноста на maкедонското актерство, 01
Ви го претставуваме Љубомир Груевски. Поет, писател и автор на театарски критики кој од денеска ќе ги споделува своите погледи кон минатите, а сеуште актуелни, како и премиерните театарски изведби. Почнуваме со еден постар текст, во кој сепак се зборува за претстави кои сеуште се изведуваат по тетартрите ширум татковината ни.
******************************************************
Од 1 до 7 јуни - со официјалната програма, а до 8 јуни - вклучително со свеченото затворање , а
повеќе >>
Конечното поместување на границите
Уште од почетокот на своето постоење, ИМПАКТ ни вети дека е фестивал кој е подготвен „да презема ризици и да поместува граници.“ Ова и буквално се покажа како вистинито со ова второ издание на фестивалот. Ризици презедовме многу и некако преживеавме. А границите успеавме да ги поместиме дури до Ориентот. Дури до Кина.
На последниот фестивалски ден ја имавме честа да ја проследиме изведбата на кинеската актерка Јинг Лу, која живее и работи во Чешка. Соло за Лу
повеќе >>
Конфузија на театарската сцена?
Третата вечер од театарскиот фестивал ИМПАКТ н’е дочека и испрати со два танцови перформанси. И во двата недостигаа зборови, но не недостигаше и комуникацијата со публиката.
Вечерта ја отвори Мустафа Каплан од Турција со изведбата на неговиот перформанс иП. иПе перформанс за неодвоивата врска на актерот и просторот, како симбол за поврзаноста на човекот со светот околу него. Мустафа со особена љубопитност го истражуваше просторот околу него, притоа
повеќе >>
Да се биде среќен
„Наша должност е да бидеме среќни“ се вели во описот на едната од вчерашните претстави. А како ние си ја исполнуваме таа должност? Секој на свој начин. Колку луѓе – толку начини да се биде среќен.
Вчера среќата на велешката публика на фестивалот ИМПАКТ ја сочинуваа две претстави посветени на (не)среќата. Во првата „Најпосле крај“ во изведба на Александар Копања, актерот се обидуваше во текот на броењето до 1000 да си го оконча животот.
повеќе >>